За ГфК Скопје

ГфК Скопје беше основана во 2000 година како STRATUM Research и  претставува првата компанија во Македонија којa дава услуги од областа на истражување на пазарот, како и информации и анализа за производите и услугите наменети за консументи. Во 2007 година станува дел од ГфК Групација.

Вработените во ГфК Скопје се искусни експерти од областа на психологија, социологија, економија, статистика и други области. Посветените професионалци од нашата компанија ја мерат конкурентската динамика на пазарот, со цел да ги разберат ставовите и однесувањето на потрошувачите и да развијат напредна и аналитичка стратегија која што ќе генерира зголемена продажба и профит на клиентите.

Имагинацијата, креативноста и интердисциплинарното размислување се нерзделен и суштински дел од нашата работа. Само иновативната мисла и акција може да му обезбеди на клиентот информација врз база на која што ќе ги донесува своите одлуки. Затоа ГфК постојано се стреми кон континуиран развој на сопствените истражувачки алатки и иницира нови пристапи кон истражувањата.

About Gfk
About Gfk

Bookmark and Share

Download

Thumb Gfkbrochure Брошура за ГфК Скопје