Кодекс на однесување

А. Преамбула


Како што е наложено во нашите корпоративни вредности, еден од највредните квалитети на  ГфК се нејзините вработени. Тие поседуваат уникатен спој на талент, знаење и креативност, а истовремено претставуваат и основно средство на компанијата и како и клуч за нејзиниот успех. Вработените во ГфК се охрабруваат да го истражуваат и развиваат својот талент, за да ги постигнат зедничките цели на групацијата. Ги поттикнуваме и наградуваме иницијативата, посветеноста и напорната работа. Праведноста, добрата комуникација и професионалноста помеѓу сите нивоа и оддели на ГфК се нашиот пат кон успехот.  

Покрај тоа, ГфК придава големо значење на добра врска со своите деловни партнери која се карктеризира со дискреција, доверба и праведност. Вработените во ГфК ги извршуваат своите обврски кон клиентите, кои се во примарниот фокус на сите деловни активности, со високо ниво на компетентност, ефикасност, точност и одговорност.

Почитувањето на Кодексот на однесување не е својствено само за менџментот, туку е дел и од личната посветеност и должност на сите вработени во ГфК. Оттука строгото придржување кон Кодексот на однесување е неделлив и задолжителен дел од корпоративните вредности на ГфК и Системот на управување со ризици.

Б. Основни принципи 

  
Можни конфликти на интереси


Однесувањето на вработените во и надвор од ГфК е клучно за долготраен професионален успех на компанијата. Тоа треба да го отсликува принципот дека  "заедничкиот интерес на ГфК има предност пред интересот на поединецот" до одредена можна граница.

Личните и приватните интереси не смеат да влијаат врз деловните врски и одлуки, кои треба да бидат формирани исклучиво со почитување на професионалните и етичките принципи. Секој потенцијален конфликт на интереси мора да се разреши отворено со цел да се заштитат ГфК, деловните партнери и вработените. Со овој начин на комуникација ќе се избегне секој сомнеж од можна недоличност и нечесност.     

Доколку се јави конфликт на интереси, вработениот не смее сам да донесува одлуки, туку е обврзан да се советува со претпоставениот и да побара согласност од него. 

Правни одредби и професионални стандарди


ГфК и нејзините вработени ќе го почитуваат овој Кодекс на однесување, како и  локалниот закон и правилата и ќе дејствуваат во согласност со локалните стандарди на деловната практика. Ова се однесува, на пример, на ЕУ финансиските санкции. [http://ec.europa.eu/comm/external_relations/cfsp/sanctions/list/version4/global/e_ctlview.html]. Ниту една отстапка која се однесува на вообичаената или локалната практика, а која може да резултира со прекршување на законот, не е прифатлива.  

Ниту еден дел од овој Кодекс на однесување не е конструиран за да биде во спротивност или да не е во согласен со применливите закони и регулативи.  

ГфК и нејзините вработени, посебно се обврзуваат да ги почитуваат професионалните павила и прописи на истражувањето на пазарот, без разлика дали се тие се национални или интернационални: 

Esomar иненационален кодекс за маркетинг и социјална истражувачка практика http://www.esomar.org/uploads/pdf/ps_cg_icccode.pdf ]

CASRO стандарди и етика за истражувања http://www.casro.org/codeofstandards.cfm ]  

Однесувањето и деловните активности на вработените мора да бидат во согласност со овие упатства. 

Заштита на податоци и безбедност

  
Доверливоста на деловните постапки мора да биде заштитена во секое време. Постапувањето во согласност со прописите за заштита на податоци и обврските за доверливост, кои вклучуваат клиенти и трети страни е интегрален дел од истражувањето на пазарот, а личното однесување и техничкото опкружување мораат да го следат и да бидат во склад со него.

Вработените мора да ги применуваат IT стандардите на ГфК, како ефективни мерки на претпазливост за заштита на личните податоци и на целите поврзани со безбедноста на податоците.

Интелектуална сопственост

  
Интелектуалната сопственост на ГфК, односно патентите, брендовите и искуството, како и резултатите од услугите извршени за клиентите, мора да бидат заштитени од недозволено користење и пренесување. 
Вработените мораат да ги преземат сите мерки на претпазливост за да ги обезбедат овие вредности на ГфК.  


Заштита на животната средина


За ГфК, од голема важност е заштитата на животната средина и ефикасното користење на природните ресурси. ГфК и нејзините вработени мораат да го имаат ова предвид кога ги користат работните ресурси на компанијата, а нивното искористување мора биде во границите на неопходноста.

В. Правила на однесување

   
Лично однесување   


ГфК и нејзините вработени кон сите клиенти, доставувачи и колеги ќе се однесуваат пристојно, почитувајќи го нивниот приватен живот и личен интегритет. Сите вработени се обврзани да се однесуваат отворено, чесно и со почитување еден кон друг, соработувајќи при решавањето на проблеми кои може да произлезат.     

 

Bookmark and Share