Корпоративни вредности

Водени од клиентот

Потребите на нашите клиенти ја движат нашата работа. Ние континуирано се трудиме да ги разбереме нивните потреби, да ги подобриме сите аспекти на постоечките истражувачки производи, да понудиме иновативни производи и да бидеме интегрален дел од информациските системи на нашите клиенти.   Прецизноста, соодветната методологија, првокласните услуги за клиентите, флексибилноста, навремената испорака и ефективноста во трошоците, осигуруваат дека ќе ги задоволиме, па дури и ќе ги надминеме очекувањата на нашите клиенти. Ние градиме долготрајни партнерства со нашите клиенти, придонесувајќи за нивниот успех. 

Нашите луѓе

Луѓето се нашата главна предност. Развојот преку трениг, споделување идеи и вистинско искуство е суштински за нашата работа. Нашите луѓе ја имаат слободата за истражување и развој на нивните таленти и се поттикнуваат во остварувањето на нашите заеднички цели. Ние ги охрабруваме и наградуваме иницијативата, посветеноста и напорната работа. Праведноста, добрата комуникација и професионалноста  помеѓу сите нивоа и оддели на ГфК се клучни за нашиот  успех.


Иновација

Препознаваме дека инвестирањето во континуирана иновација во процесот и во крајниот производ е предуслов за да ги исполниме барањата на нашите клиенти. Нашата цел е да бидеме напредни во нашите главни деловни активности. Потребите на клиентите, развојните пазари, новите технологии, компетентноста и идеите на нашите луѓе низ целиот свет е она што ја движи иновацијата.


Глобална експертиза – локално знаење

Ние ги почитуваме и учиме од локалните деловни практики и култури и обезбедуваме знаење, прилагодено на локалните потреби. Нашата глобална мрежа се состои од интернационални тимови, алатки и производи за да им се понудат на мултинационалните клиенти конзистентни услуги.
 

Развој

Профитабилниот раст резултира во поголеми можности. Како индивидуи, тимови и бизнис единици, ние сме свесни за влијанието на нашите одлуки и акции на сите нивоа. Користиме финансиски и не-финансиски мерки за да ја анализираме и да ја подобриме успешноста на нашата работа на континуирана основа.

 

Bookmark and Share