За користењето на автомобил

17 Maj, 2010 - Преку 40% од возачите на автомобил не го намалиле користењето на автомобил поради поскапувањето на цената на нафтените деривати, додека за повеќето од половината потенцијални купувачи на автомобил поскапувањето има влијание во нивното размислување за тоа каков автомобил да купат.

 

П: Дали вие лично возите автомобил?

Avtomobil1
Avtomobil1

44% од населението во државата вози автомобил. Мажите (63%) возат значително повеќе отколку жените (26%). Најголем процент на граѓани кои возат има на возраст помеѓу 35 и 44 години (62%), а најмалку возат лицата постари од 65 години (18%).

П: Кој ги покрива трошоците за автомобилот кој го возите?*

Avtomobil2
Avtomobil2

*на ова и следнoтo прашањe одговораат само испитаниците кои возат автомобил

Повеќе од две третини (69%) од граѓаните кои возат автомобил сами си ги покриваат трошоците за автомобилот. Помеѓу мажите овој процент изнесува 80%, додека кај жените тој изнесува 42%. Кај најмладите (18-24 години) во најголем процент трошоците ги сноси друго лице (76%). 

П: Дали и како растот на цената на нафтените деривати влијаеше на тоа колку често го користите личниот автомобил во секојдневниот превоз?

За најголем процент на граѓани кои возат автомобил (42%), порастот на цената на нафтените деривати не влијае за тоа колку често го користат личниот автомобил, додека 36% изјавиле дека го користат поретко автомобилот како резултат на поскапувањето на бензинот. Овој процент е значително повисок (50%) кај граѓаните со пониски семејни вкупни месечни приходи (до 24000 МКД), додека кај оние со повисоки семејни приходи (48000+ МКД) овој процент изнесува 15%.

П: Дали планирате да купите автомобил во текот на оваа година?

12% од граѓаните размислуваат да купат автомобил оваа година. За 59% од потенцијалните купувачи поскапувањето на бензинот има влијание во нивното размислување во насока на купување на автомобил со помала потрошувачка на бензин, додека за една третина  од нив (33%), поскапувањето на бензинот не влијае врз нивните размислувања за купување на автомобил.  

За истражувањето

Истражувањето беше спроведено во текот на Април, 2010 на репрезентативен примерок од 1000 испитаници на возраст 15+ години


Bookmark and Share

Соопштение за јавност