Довербата на потрошувачите со благ пораст

Според истражувањето на GfK,  довербата на потрошувачите државата во првата половина на 2010 е благо зголемена во однос на втората половина од 2009 година. Најголемо подобрување се забележува во перцепцијата за ситуацијата со невработеноста во државата.

Во продолжение, деталните резултати од довербата на потрошувачите во Македонија и споредба со резултатите од државите на Централна и Источна Европа.

П. Дали финансиската состојба на Вашето домаќинство е подобра, полоша или пак иста споредено со пред 12 месеци?

55% од граѓаните изјавиле дека финансиската состојба во нивното домаќинство е на исто ниво како и пред 12 месеци. Една четвртина (25%) изјавиле дека финансиската состојба им е влошена во споредба со таа пред една година, што е благо зголемување во споредба со истражувањето во Октомври 2009 и повторно како во периодот Април 2009 е поголем од процентот на оние  кои изјавиле дека финансиската состојба им е подобрена.

 

Cci2
Cci2

Споредено со земјите од Централна и Источна Европа кадешто е направено истражувањето, процентот на македонски домаќинства кадешто финансиската состојба е влошена е значително понизок од домаќинствата во Романија (65%), Бугарија (58%), Чешка Република (33%) и Полска (33%).


П. Какви се финансиските очекувања на Вашето домаќинство за следните 12 месеци?

Најголем процент од грѓаните (47%) сметаат дека финансиската состојба во нивното домаќинство ќе остане на исто ниво и во следните 12 месеци. Една третина (33%) очекуваат дека таа ќе се подобри.

Cci2
Cci2

Процентот на граѓани во Централна и Источна Европа коишто сметаат дека финансиската состојба во следните 12 месеци ќе се подобри е значително понизок во Бугарија (8%), Романија (16%) , Полска (16%),Чешка Република (21%).


 

П. Какво е Вашето мислење за состојбата со невработеност во државата во следните 12 месеци?

45% од граѓаните сметаат дека ситуацијата со невработеноста нема да се смени во следните 12 месеци. 28% сметаат дека ќе има повеќе невработени во следните 12 месеци, додека 22% сметаат дека ќе има помалку невработени во истиот период.

 

Cci3
Cci3

Споредено со земјите од регионот, македонските граѓани се многу пооптимистични кога се работи за состојбата со невработеност во следните 12 месеци. Имено, процентот на раѓани кои сметаат дека ќе има повеќе невработени во следните 12 месеци во Романија изнесува 85%, во Бугарија тој процент е 70%, додека во Чешка и Полска нешто помалку од половината граѓани очекуваат дека невработеноста ќе расте, 47% и 41% респективно.


За истражувањето

Истражувањето за доверба на потрошувачите е континуирано истражување коешто GfK го спроведува во повеќе држави. Истражувањето во Македонија, Бугарија, Чешка Република, Полска и Романија е спроведено на репрезентативен примерок од 1000 испитаници во секоја од државите во Април 2010.

Bookmark and Share

Соопштение за јавност