Невработеноста - најголем предизвик за Европјани

Нирнберг, 7 Јуни 2010 - Ситуацијата на пазарот на трудот останува најзагрижувачка, не само за Германците, туку и  за Европејците, генерално. Споредувајќи ги податоците од минатата година, степенот на загриженост значително е во мал пораст. Во 8 од 11 земји, невработеноста е најчесто споменувано прашање. Понатаму, доаѓаат цените и развојот на куповната моќ, како и грижата за економската стабилност. Иако загриженоста за економската ситуација падна неколку скалила подолу, сепак и понатаму е трета тема од Европските стравови. Од сите Европејци, Германците се најзагрижени, иако се помалку загрижени за економската ситуација, каде на листата сеуште е на 2-ро место како главна тема на загриженост.

Со раст од 9%, две третини од Германците изразија загриженост за пазарот на трудот во 2010 год. Во текот на рецесијата, невработеноста всушност се зголеми, иако зголемувањето е значително помалку од тоа што се очекуваше претходно (од 7,3% во 2008 год. на 7,5% во јануари 2010 год. според Организацијата за економска соработка и развој). Основна причина за зголемената загриженост може да е резултат на несигурност да се предвидат изгледите за иднината. Во извештаите во пролета 2009 година, водечките економски институти за истражувања сеуште очекуваа дека невработеноста ќе расте на 5 милиони до крајот на 2010 година, но само 3,6 милиони се регистрирани како невработени во почетокот на летниот период од 2010 година, во своите нови извештаи, институтите дури проценуваат пад на бројот на невработени.

"Во 2010 година, стапката на невработеност е, и останува, главна причина за загриженост на Германците. Вистината е дека тоа било така и во изминатите 20-тина и повеќе години, со исклучок на 1992 година, кога прашањето на имиграцијата и интеграцијата нè преокупираше нас Германците – ги коментираше резултатите д-р. Вилднер, Генерален Директор и Подпретседател на GfK Асоцијацијата.

После експлозивниот раст во минатата година, загриженоста за економскиот развој повторно падна за 10%, иако изнесува 26% и понатаму е  на 2-ро место на листата на загриженост кај Германците.

Со пад на 5% на бруто домашниот производ, во 2009 год. германската економија претпре најголем удар од целокупното постоење. Во 2010 год., се предвидува прв мал знак за опоравување и раст на продуктивноста во висина од околу 1,4%.

Германците - загрижени за цените и развојот на куповната моќ

После загриженоста за цените и развојот на куповната моќ која минатата година падна повторно на 13% од 37% од претходната година, 24% од Германците повторно веруваат дека треба да се превземе акција. Иако стапката на инфлација во просек е само 0,4% во 2009 год. (податок од Организацијата за економска соработка и развој), има тенденција за благ пораст кој треба да се надгледува.

 

Здравствена заштита и пензии - голема тензија за оваа тема

Грижата за здравствената заштита е повеќе од двојно зголемена, изнесува 21% и повеќе Германци изразиле загриженост за здравствената заштита при појава на болест повеќе од било кога, дури и од 1990. Со тоа, ова прашање е на 4-тата позиција на листата на загриженост. Потребата за реформи на Гермаскиот здравствен систем, билион евра дефицит во задолжителното здравствено осигурување, првиот пораст во придонесите и  дискусијата за рамни стапки во здравственото осигурување  повторно завзедоа централно место во дебатите.

Со пораст од 9% на 19%, прашањето за пензиите и старосните провизии се повеќе станува предмет за дискусија и се наоѓа на 5-та позиција на листата на загрижености. Додека во претходната година, висината на пензиите се зголемила скоро за 2,5%, оваа година пензионерите се соочија со нула покачување.


преземи целосно соопштение