Интернационално истражување за патувања/одмори

И постарите и помладите Германци патуваат  -

Холанѓаните се број еден патници

Интернационално истражување од страна на GfK Асоцијацијата во соработка со WSJE за патувања/ однесувањето за време на одмор во 16 држави

Нирнберг/Франкфурт на Мајна, 18 Јуни 2010: Шест од 10 испитаници ќе трошат пари на одмори оваа година. Луѓето во Холандија патуваат на најдолги периоди и соодветно на тоа трошат најмногу пари. Однесување за патувањата на Германците повеќе или помалку се совпаѓа со тоа на просечните западните европјани. Додека во сите други земји обично патуваат помладите луѓе, во Германија нема разлика помеѓу генерациите.

Во последното истражување,  на жители на 16 земји им беа поставени прашања поврзани со патување, на пример, дали и колку долго тие патуваат секоја година, колку пари трошат на одмори и кој се нивните омилени активности за време на одмор.

Речиси 40% од сите испитаници изјавија дека тие не патуваат во своето слободно време годинава. Оваа цифра се зголемува на 61% во Источна Европа и паѓа на 37% во Западна Европа. Најжелни за патување се Швеѓаните (87%), Холанѓаните (85%) и Белгијците (77%). Германците се под просекот на Западна Европа: 38% се откажуваат од одмор оваа година. Бугарите најмалку патуваат, околу 70% го поминуваат својот одмор дома.

Речиси во сите земји младите луѓе се тие кои патуваат во нивното слободно време. Германија е единствената земја во која нема разлика помеѓу старите и младите. "Тренд Сензорот на GfK Асоцијацијата ни покажува дека старите луѓе во Германија се сèуште во добра финансиска состојба споредено со другите земји. Тие сакаат да го искористат ова патувајќи, доколку нивното здравје е добро,” забелешува Др. Рајмунд Вилднер, Управниот Директор на GfK Асоцијацијата, за ситуацијата во Германија.

Колку туристите трошат годишно за нивните патувања?

Повеќе од третина од испитаниците ќе потрошат максимум 1000 евра по човек годишно за одмори во 2010, а 21% од оваа група ќе потрошат максимум до 500 евра. Околу еден од десет, ќе потрошат помеѓу 1000 евра и 2000 евра. Оваа цифра се дуплира во Шведска, а приближно 20% од Холанѓаните и Белгијците се спремни да платат помеѓу 1000 и 2000 евра за годишен одмор. Во просек низ сите земји, 9% ќе потрошат повеќе од 2000 евра. Помеѓу Американците овој процент расте до најмногу 18%, следен од тој на Британците и Холанѓаните (16% и 13% соодветно). Германија останува околу западно европскиот просек во однос на трошоците: 37% ќе платат до 1000 евра по човек годишно за нивните одмори, 15% помеѓу 1000 and 2000 евра и 4% повеќе од 2000 евра.

Колку долго луѓето одат на одмор секоја година?

Нешто помалку од 30% од испитаниците одат на одмор 2 недели секоја година, речиси истиот процент за само една недела и 13% под 7 дена. Еден од пет испитаници патуваат по 3 или 4 недели секоја година: Холанѓаните, Британците и Белгијците се особено карактеристични за оваа група. Во Холандија, 17% од граѓаните земаат одмор за 5 и повеќе недели (сите држави: 7%), штоземајќи ги во предвид трошоцитеги прави Холанѓаните број еден патници.

Од Германците, речиси половината патуваат по 2 недели секоја година, 20% за три или четири недели, и само 3% подолго од 5 недели во годината.

Која е преферирана дестинација за патување?

Две третини од сите испитаници повеќе сакаат да останат во својата држава. Овој сооднос паѓа на само под 50% во Западна Европа. Жителите од Јужните Европски држави особено се заинтересирани да останат во нивната татковина: дури 70% од Португалците, речиси исто толку Шпанци и Италијанци и 60% од Французите уживаат да го поминуваат нивното слободно време во својата држава. Повеќето Американци (80%) исто не патуваат странство, и овој процент се зголемува на 95% за Турците. Во Германија, 37% од граѓаните го поминуваат својот одмор на домашен терен, околу 30% се упатуваат кон Јужните Европски држави како Франција, Италија и Шпанија, додека 7% ги посетуваат државите во Централна и Источна Европа (просекот за Западна Европа: 3%). Само 2% од Германските туристи летаат кон Азија и Африка, и само 1% одат Америка.

 


 преземи целосно соопштение