Повеќето Македонци последен пат на концерт – пред повеќе од една година

GfK Skopje спроведе истражување за тоа колку често и каква музика слушаат граѓаните на Македонија и колку посетуваат концерти. Резултатите покажуваат дека повеќе од половина од испитаниците (дури 55%) последен пат на концерт биле пред повеќе од една година. Во однос на жанрот најмногу се слуша забавна и народна музика, а потоа следат поп и рок музиката. Хеви метал и панк музиката се наоѓаат на дното од листата.


Колку часови дневно слушаат музика?

Голем процент од граѓаните (28% од испитаниците) обожаваат да слушаат музика  односно изјавиле дека слушаат музика повеќе од 4 саати дневно. Само 17% изјавиле дека воопшто не слушаат музика. Разликите помеѓу половите покажуваат дека дури 20% од женскиот пол изјавиле дека не слушаат музика споредено со 13% од машките испитаници.

Slide1
Slide1

Испитаниците на возраст од 14 до 29 години (38%) најмногу слушаат музика над 4 часа, додека само 5% од нив не слушаат музика. Учениците, студентите и вработените слушаат најмногу музика, додека дури 55 % од домаќинките и 48 % од пензионерите не одвојуваат време за слушање музика.

Распределено по региони, скопјани слушаат најмногу музика, додека најголем процент од граѓаните на северозападниот дел на Македонија (27%) изјавиле дека не слушаат музика.

Каква музика слушаат граѓаните?

Во Македонија се слуша забавна (28%) и народна (22%) музика, по што следат поп (14%) и рок (13%) музиката. Потоа следуваат класичната, електронската музика, R&B, хип хоп, диско и џез музиката со околу 3%, за на крај од листата да се најдат амбиенталната, хеви метал и панк музиката. Испитувањето покажа дека кај женскиот пол има повеќе вљубеници во забавната музика, многу мала предност кај народната и класичната музика, додека сите останати жанрови се попреферирани од страна на машкиот пол.

За постарите може да се каже дека повеќе слушаат забавна и народна музика, но и класична и џез музика. Во однос на регионите не постои разлика во слушањето на забавна музика односно забавната музика се слуша насекаде. Народната песна се слуша помалку во југозападниот дел и Скопје, за разлика од другите делови на Македонија.

Интересен е фактот дека дури 43% од испитаниците одговориле дека не им е битен жанрот на музиката која ја слушаат што укажува дека селекцијата на жанрот не е важна кај поголемиот дел од населението кое слуша музика.

Колку често одат на концерти?

Повеќе од половина од испитаниците, дури 55%, последен пат на концерт биле пред повеќе од една година. Во последните 6 месеци концерт посетиле само 17% од граѓаните, а 19% изјавиле дека воопшто не одат на концерти.

Slide2
Slide2

Бројот на лицата кои не одат на концерти е поголем кај женскиот пол и кај испитаниците над 30 години.

Скопјани најмногу ги посетуваат концертите (дури 28% во последните 6 месеци) заради организацијата на концертите во метрополата.  Од нив само 10% не одат на концерти. Најмалку концертите ги посетуваат граѓаните на северозападниот дел од Македонија (31% изјавиле дека не одат на концерти).

Најмногу на концерти одат учениците, студентите и вработените. Од друга страна, пак, најголемиот дел од невработените не одат на концерти и не посетиле концерт во последната година.

На кој концерт биле последен пат?

Најмногу испитаници изјавиле дека последен пат биле на концерт на Жељко Јоксимовиќ, Billy Idol, David Guetta, 50 Cent и Van Gogh. Претставниците од машкиот пол повеќе ги посетиле David Guetta, Billy Idol и 50 Cent. Концертите од 50 Cent, DJ Morandi, Слаткар и Влатко Илиевски се посетувани само од младата популација, додека Жељко Јоксимовиќ, Billy Idol и Van Gogh се посетени од сите генерации.

 

За истражувањето

Истражувањето беше спроведено во текот на Јуни, 2010 по пат на телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1,000 испитаници на возраст 15 до 50 години


Bookmark and Share

Соопштение за јавност