Користење на банкарски производи и услуги во Македонија

Македонија е високо позиционирана според учеството на возрасната популација (постара од 15 години) кои соработуваат со банка/банки. Во Австрија, речиси сите возрасни жители се воедно и клиенти на банките, додека во Македонија 8 од 10 соработуваат барем со некоја банка.

Слика 1: Учество на клиенти на банка во целокупна популација (15+ години) – приказ по земји во Централна и Источна Европа

Slide1
Slide1

Во нашата држава најголем број на клиенти соработуваат само со една банка. Сепак, повеќе од една третина клиенти соработуваат со две или повеќе банки.

Слика 2: Учество на клиенти според број на банки со кои соработуваат

Slide2
Slide2

Во Октомври 2009, 32% од корисниците на банкарски производи и услуги користеле две или повеќе банки, додека во Април 2010 овој процент изнесува 36% што укажува на податок дека на банкарскиот пазар корисниците се повеќе одбираат различни банкарски производи/услуги од повеќе од една банка.  

Задоволството на корисниците од главната банка со која соработуваат е на релативно високо ниво во изминатите 2 години – период од кога се спроведува FMDS® истражувањето во Македонија.  Благ пад на задоволството е забележано во Април 2010 во однос на истражувањето спроведено во Октомври 2009 што може да е предизвикано од кризата и затегнатите критериуми на банките во изминатиот период. Сепак, просечното задоволство во Април оваа година изнесуваше 4.23 поени (на скала од 1 до 5), додека во Април 2008 овој индекс изнесуваше 4.07 поени.

Слика 3: Задоволство на корисници со главната банка на соработка

Slide3
Slide3

За истражувањето: GfK FMDS® континуирано полугодишно истражување на банкарскиот пазар во Македонија од 2008 година. Освен преглед на главните индикатори за познатост на банки, забележаност на реклами за банки, ги пратиме и облиците на однесување на клиентите (со која банка соработуваат, која е главна банка, што од банкарските производи и услуги користат, што имаат намера да почнат да користат), како и индикатори за лојалност и доверба во банките. (n=1000 испитаници во секој круг; анкета лице во лице по домаќинства)


Bookmark and Share

Соопштение за јавност