Македонските граѓани задоволни со својата телесна тежина

Ручекот останува главен оброк во текот на денот за Македонските граѓани. Повеќето Македонци се задоволни од сопствената телесна тежина и не практикуваат посебен режим на исхрана. Од посебните режими на исхрана најзастапен е постот.

Врз основа на спроведеното истражување се забележува висок процент на застапеност на оброкот ручек помеѓу македонското население, како во текот на работната недела така и за време на викендите. Може да се каже дека има значително зголемување во задоволството помеѓу македонското населениe за задржување на моменталната телесна тежина како и за намалување на бројот на луѓе коишто практикуваат некој посебен режим на исхрана.

Кај граѓаните на Република Македонија ручекот останува главен оброк во текот на денот. Отприлика три четвртини од испитаниците изјавиле дека ручекот за нив претставува главен оброк во текот на работната недела, што претставува благ пораст во однос на истражувањето во 2009. Ова можеби се должи на сѐ подинамичниот начин на живот кај македонските граѓани како и на сѐ поголемата амбиција за проевропски начин на живот каде што фокусот е ставен на еден главен оброк во текот на денот за време на работната недела. Спротивно на ова, забележано е опаѓање на процентот на граѓани кај коишто доручекот е главен оброк. Имено 17% од испитаниците изјавиле дека доручекот е нивен главен оброк во текот на денот наспроти 21% од испитаниците кои се изјасниле така во 2009.

Забележлив е и порастот на ручекот како главен оброк за време на викендите. Ваквиот пораст е веројатно последица на тоа што работните обврски во текот на работната недела не дозволуваат доволно време за обавување на семејни активности, па викендите и главно ручекот се резервирани за семејството. 2011 споредбено со  2009 ручекот бележи пораст од 5%. Трендот на опаѓање кај доручекот како главен оброк се забележува и за време на викендите. Преполовен е бројот на испитаници кои изјавиле дека доручекот е главен оброк споредено со 2009 (од 14% на 7%). Веројатно динамиката и новиот начин на живот во текот на работната недела има сериозни импликации во начинот на функционирање на македонските граѓани и за време на викендите.

Трендот на пораст на практикување на ручекот како главен оброк како за време на работната недела така и за време на викендите се потврдува и со фактот што, значително се зголемува бројот на луѓе коишто консумираат храна во домашни услови заедно со семејството. Ваквиот начин на консумирање храна во домашни услови можеби се темели на податокот што работните навики на испитаниците се значително променети, односно главен оброк се практикува еден во текот на денот заедно со семејството, по завршување на работните обврски. Зголеменото консумирање храна заедно со семејството го објаснува фактот на драстично намалување на категоријата "поретко јадење заедно” којашто во 2011 е застапена со 22% додека во 2009 овој начина на исхрана бил практикуван многу повеќе, односно бил застапен со 40%.

Може да се каже дека македонските граѓани се генерално задоволни од својата телесна тежина. Повеќе од половината испитаници (55%) се изјасниле дека сакаат да ја задржат својата моментална телесна тежина.

Во согласност со податоците од 2011 специјалниот режим на исхрана помеѓу македонското население не е на приоритетната листа. Имено дури 60% од испитаниците се изјасниле дека не практикуваат некој специјален режим на исхрана. Од оние 40% кои што некогаш практикувале посебен режим на исхрана, најголем дел го практикуваат постот, следени од оние кои практикуваат диета за намалување на телесната тежина како и испитаници кои спроведуваат некаква здравствена диета.

Од оние 40% од испитаниците кои практикуваат некој посебен режим на исхрана  моментално една половина од нив не практикува посебен режим на исхрана. Помеѓу оние кои во моментов се изложени на некој од специјалните методи на исхрана најголем процент отпаѓа на постот, следен од здравствената диета и исхраната за намалување на телесната тежина.

Повеќе за резултатите од истражувањето со графикони во прилог

За Истражувањето

Истражувањето за начинот на исхрана е дел од GfK Omnibus истражувањето што се спроведуваа континуирано секоја година во април. Истражувањата се спроведуваат на репрезентативен примерок од 1000 испитаници на 15+ годишна возраст.

Одговорен за соопштението за јавност:

Илин Андреев

ilin.andreev@gfk.com

+389 2 312 6001

Bookmark and Share

Соопштение за јавност

Download Dummy