24 Мај, 2011 - Младите работници низ светот имаат помал контакт со работодавците и се најмногу погодени од притисоците на работното место, што предизвикува долгорочен застој и проблеми во менаџментот на компаниите и земјите, според ново истражување на ГфК.
Истражувањето, спроведено меѓу повеќе од 30,000 вработени во 29 земји на GfK Custom Research, агенција за истражување на пазарот, покажува дека пазарот на трудот поларизира помеѓу разочарани 18-29-годишници и нивните постари, веројатно порезервирани колеги.
И покрај тоа што помладите вработени се веројатно ослободени од најголемите одговорности на работа, поголем процент од нив се "често" и "скоро секогаш" загрижени за балансот работата – животот, притисокот да работат прекувремено и личното здравје.
Контакт со работодавецот
Разгледувајќи од спротивните краеви на возрасните групи на работната сила, само 21% од 18-19 годишниците се во поголем контакт со работодавецот, споредено со 31% од оние во 60-тите. Оваа разлика од 10% помеѓу младите и оние коишто имаат најголема веројатност да бидат на позначајни позиции, предизвикува сериозни проблеми за бизнисите низ целиот свет, бидејќи постои ризик од создавање на поделеност на работното место, меѓу - генерациска нетрпеливост и може да ги уништи напорите да се регрутира, задржи и мотивира изливот на квалификувани млади таленти.
Ако се разгледува на национално ниво, некои земји се соочуваат со далеку посериозни проблеми со степенот на инволвираност на нивната млада работна сила. Во Македонија (36%), Франција (32%) и Турција (32%), близу една третина од нивните 18-29 годишни вработени се "многу инволвирани" со работодавците, што покажува доста стабилна и продуктивна ситуација за компаниите. Но, на дното на листата на инволвираност со работодавците, Унгарија и Република Чешка (со 6%) и Србија и Португалија (со 7%) се соочуваат со различни тврдења. Задржување на младите таленти би можело да биде проблематично во овие земји, како што економиите зајакнуваат.
И покрај тоа што 61 процент од младите работници веруваат дека има можности за напредување во кариерата за нив, многу веруваат дека нивните можности се на друго работно место или во друга земја. Шест од десет млади работници (58%) активно бараат работа, или ќе бараат во следните 6 месеци. Две петини (41%) би се преселиле за да најдат ново вработување. Многу е важно затоа, за бизнисите и земјите да се соочат и да ја решат причината за неангажираноста на нивните млади работници.
Притисокот на работа ја зема својата жртва
Во многу земји, притисокот на работа влијае на благосостојбата меѓу помладите работни генерации. Рецесијата им има зададено огромен удар на аспирациите на многумина. Повеќе од третина млади вработени се принудени да прифатат работа со која не се среќни (36%) или се движат по друг пат во однос на кариерата (37%) поради економијата.
Помладите вработени исто така се оние кој го носат товарот од кратење на расходите на фирмите. Две петтини (39%) веруваат дека работодавецот ја користи рецесијата како изговор со кој бара од нив да работат повеќе, споредено со еден од четири постари работници. (24%). Третина (34%) исто така се загрижени за тоа дека немаат средства да ја работат нивната работа ефикасно, споредено со 22% од работници во 60-тите години.
Сето ова има вистинско влијание на благосостојбата на младите работници. Две петтини (40%) се често под стрес на работното место – што е повисок процент од оној кај другите возрасти. Понатаму, скоро третина (31%) се чувствуваат под притисок од долгите работни часови.
Како резултат, две петтини од младите работници (39%) се несреќни со балансот помеѓу работата и приватниот живот – повторно највисокиот процент од сите возрасни групи – додека третина (32%) сметаат дека притисокот на работа и стресот често влијаат на нивното здравје – 5 поени повеќе од оние во 50-тите, и 10 поени повеќе од оние во 60-тите.
Поголема поддршка за младите работници
Објаснувајќи ги бројките, Шукхи Гхатаоре, Директорот на GfK NOP, Британија, ќе рече:
"Во време на тешки времиња, ангажирани вработени и обединета работна сила се неопходност, а не луксуз. Ангажирани работници сакаат нивниот работодавач да успее, сакаат да останат со нив и сакаат да се надминат себеси. Треба да се има предвид дека ставовите кон работата и реалните ситуации на вработувањето се менуваат секоја наредна генерација. Нема повеќе очекувања или изгледи за животна работна позиција. Многу млади луѓе се во потрага по она што тие го сфаѓаат како значајна кариера-нешто за кое веруваат дека се предодредени- и ќе работат краткорочни работи додека не ги задоволат сопствените амбиции некаде на друго место.”
"Во САД гледаме поврзана шема/шаблон" рече Том Хартли, заменик претседателот на GfK Custom Research Северна Америка, САД, "Најновата генерација на вработени ѝ дава поголема вредност на работата од тоа што мислат дека е значајно за општеството, и на силната желба да ги употребат своите вештини во работата. Вработените во САД учат дека е круцијално младите вработени да ја разберат и да се вклучат во мисијата на компанијата, и да создадат можности каде ќе можат да напредуваат и да направат разлика.
За Истражувањето
Интернационалното истражување на GfK за ангажираност на работниците беше спроведено од страна на меѓународната истражувачка фирма GfK Custom Research. Истражувањето ги вклучува мислењата на 30.556 работни луѓе во 29 земји кои беа интервјуирани во периодот помеѓу 8 февруари и 4 април, 2011 година користејќи online, телефон или во-лице техники за интервјуирање соодветни на земјата.
Земените податоци ја претставуваат демографската структура (индустрија, пол и возраст) за секоја земја. За производство на глобалната статистика, која ги комбинира земји, податоците за секоја земја исто така беше пондерирана според БДП (PPP).
Прашалникот беше составен од страна на меѓународен тим на експерти за ангажираноста на работниците, со помош од експерти од секоја од 29 земји.
Земји опфатени со истражувањето: Аргентина, Австрија, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Чешка Република, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Македонија, Мексико, Холандија, Перу, Филипини, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шведска, Швајцарија , Турција, Велика Британија, Украина, САД.
GfK дефиницијата за ангажираноста на работниците ја мери идентификација на вработените со успехот на нивната компанија, посветеноста и подготвеноста да се остане со својот работодавач.
ГфК експертите за ангажираност на работниците нудат широк спектар на информации и консултантски услуги кои можат да им помагаат на организациите ги развијат своите таленти поефикасно. Нашите тимови за човечки ресурси нудат консултатнтски услуѓи за end-to-end решенија, проектирање и имплементирање на стратегии насочени кон подршка на вработените како: ангажираност на вработрените, талент менаџментот, човечки ресурси и ефикасност на тимовите, интерна комуникација, управување со промените, тренинг и бизнис ефикасност.