Поседувајте ја иднината - Една ГфК

ГфК Групацијата ја претставува својата нова корпоративна стратегија за глобална и дигитална иднина

Нинберг, 30 јуни 2011 – ГфК, четврта по големина компанија за истражување на пазарот во светот, ќе работи според нова корпоративна стратегија од 1 јануари 2012. Оваа нова стратегија е дизајнирана со цел приспособување и искористување на трансформациите и иновациите во индустријата на истражување на пазарот, како и заради приспособување на промената на барањата на клиентите во растечкиот глобален и дигитален свет.

Одличните достигнувања на ГфК ја дефинираа сцената за значајна инвестиција во иднина. "Се наоѓаме во многу силна позиција, но одвреме навреме неопходно е да се направи проценка на ситуацијата сѐ со цел да бидеме отворени кон новото и непознатото, и доколку е потребно, повторно да се осознаеме себеси,” објаснува проф. д-р Клаус Л. Вубенхорст, извршниот директор на GfK SE.

Есента 2010, ГфК ја започна иницијативата "Каде да се игра и како да се победи преку којашто го анализираше спектарот на производи и услуги на ГфК. Резултатите од оваа анализа го формираа развојот на новата корпоративна стратегија на ГфК, "Поседувајте ја иднината”, којашто ги следи претходните стратегии "По мерка на јавноста” (промовирана во 1995), "Трократна Десетка” (промовирана во 2000) и  "Иницијатива Пет Ѕвезди” (промовирана во 2005). Новата стратегија ќе ја постави основата за развој на компанијата во следните години.

Сега ГфК ќе ги фокусира своите бизниси и ќе го консолидира своето портфолио во два нови сектора: Consumer Choices и Consumer Experiences. Ова ќе ѝ овозможи на компанијата да го покрие целиот циклус на купување, од употребата на медиумите и рекламирањето до самото однесување на потрошувачот при купување.

"Новиот стратешки правец e витална еволуција. Тоа е логичен развој и кулминација на веќе преземените иницијативи што водеа кон успех на ГфК. Нашето целокупно знаење за потрошувачите ширум светот останува во центарот на нашето дејствување.”, вели проф. д-р Клаус Л. Вубенхорст.

Нова структура на секторите: Consumer Choices и
Consumer Experiences

Секторот Consumer Choices ќе се фокусира на пазарната големина, пазарот на валути, конвергентни медиуми и продажни канали. Преку овој сектор ќе се обезбедуваат детални, прецизни и навремени податоци коишто ги рефлектираат изборите и дејствијата на потрошувачите. Сегашниот сектор Retail and Technology, како и Media секторот којшто се занимава со мерење на ефикасноста на телевизијата, радиото и печатените медиуми ќе бидат инкорпорирани во новиот сектор Consumer Choices.

Секторот Consumer Experiences ќе се концентрира на ставовите и однесувањето на потрошувачите. И двете области ќе бидат истражени преку високо креативни, динамични и флексибилни методологии. Сегашниот Custom Research сектор, како и ад хок истражувањето во Media секторот ќе го сочинуваат овој нов сектор.

Една ГфК

Овие два сектора ќе ангажираат нови глобални и регионални тимови. Напоредно со локалните канцеларии, овие тимови ќе ги снабдуваат клиентите со стандардизирани, глобални решенија во истражувањето на пазарот.

Главната цел на новата стратегија е да доведе до раст, а следствено на тоа, ГфК постави нови амбициозни финансиски цели. До крајот на 2015, ГфК Групацијата се стреми да оствари продажба од околу 2 милијарди евра. ГфК планира значително да го надмине секторот на истражување на пазарот како целина во наредните пет години, со 2% повисок органски раст од нивото на пазарот.  Маргината, врз основа на прилагодениот оперативен приход ќе го рефлектира овој силен развој и се очекува да достигне ниво од околу 16% до крајот на 2015.  

Новата стратегија е целосно поддржана од страна на сите членови на Управниот и Надзорниот Одбор. За Петра Хајнлајн, член на Управниот Одбор на GfK SE одговорна за секторот Custom Research, "Поседувајте ја иднината” претставува нова пресвртница во историјата на ГфК. Според неа, ГфК е сега поподготвена за иднината од било кога досега, а имајќи го ова во предвид, таа одлучи да не го продолжи договорот којшто истекува на 31 декември 2011. Како член на ГфК групацијата во изминативе 26 години, во 2002 беше назначена за член на Управниот Одбор, а во 2012 ќе влезе во водите на политиката како резултат на нејзината долгогодишна амбиција. Д-р Арно Малерт, Претседател на Надзорниот Одбор на  GfK SE, и проф. д-р Клаус Л. Вубенхорст жалат, но воедно ја почитуваат оваа лична одлука и сакаат да ѝ заблагодарат на Петра Хајнлајн за нејзната извонредна работа во ГфК, особено во секторот Custom Research.

Новата стратегија стапува на сила на 1 јануари 2012. Дотогаш ГфК ќе ги воведе тимовите и процесите потребни за имплементација на статегијата "Поседувајте ја иднината”.

ГфК направи одличен почеток во тековната финансиска година, постигнувајќи значителен пораст во продажбата и приходот. На крајот на првите пет месеци од 2011, книгата на нарачки покриваше 73.2% од очекуваната годишна продажба, што е повисоко од оние 70.7% од претходната година.

ГфК Групацијата

GfK Групацијата нуди фундаментално знаење потребно на индустријата, трговијата на мало, услужните компании и медиумите во донесувањето одлуки на пазарот. Истата обезбедува широк спектар на информации и консултантски услуги во три стратешки бизнис сектори: Custom Research, Retail & Technology и Media. 

Четврта во светот организација за истражување на пазарот фукционира во повеќе од 100 земји со над 10.000 вработени. Во 2010, продажбата на ГфК Групацијата изнесуваше 1.29 милијарди евра.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна: www.gfk.com.mk

Следете нè на twitter: www.twitter.com/gfk_group.

GfK SE, Corporate Communications

Marion Eisenblätter

Nordwestring 101

90419 Nuremberg

Germany

Tel. +49 911 395-2645

Fax +49 911 395-4041

public.relations@gfk.com


Bookmark and Share

Соопштение за јавност

Download Dummy