Работниците бараат подобра работа на некои од клучните пазари во странство
· 1 од 4 се подготвени да ја напуштат земјата за да најдат подобра работа
· 1 од 4 гледаат да го напуштат својот работодавач следните 12 месеци
· Cо само 18 % од работниците коишто активно бараат да ги променат работодавачите Македонија се соочува со далеку постабилнa средина на задржување на вработените
Skopje, 22 јуни, 2011 – Земјите коишто сѐ уште се опоравуваат од глобалната рецесија може да станат "дух-градови” кога зборуваме за вработеноста во нив, со оглед на фактот што повеќе од четвртина од работниците се подготвени да се преселат во странство за да најдат подобра работа-според Меѓународното истражување за вработените од страна на ГфК, новиот меѓународен извештај од GfK Custom Research.
Прашањето беше поставено во 17 од 29 земји опфатени со големото меѓународно истражување и се воспостави дека повеќе од четвртина од испитаната работната сила (27 %) е подготвена да се пресели во некоја друга земја со цел да најде подобро вработување.
Младите квалификувани вработени лица кај кои посебно се чувствува таа страст за патување и промена на работното место: две петтини (41 %) од работниците на возраст од 18-29 се согласни дека се подготвени да се преселат во друга земја за да најдат подобра работа, додека таа бројка е еден од тројца за дипломирани лица (32 %) и речиси еден од четворица за доктори на наука (37 %). Споредбено со една петтина од вработените со завршено средно образование 922 %)
Боге Божиновски од GfK Skopje коментира, "Нашите наоди покажуваат ризик на одлив на високообразовани кадри во годината што доаѓа, наметнувајќи суштински проблеми на компаниите и земјите што сакат да се опорават од рецесијата. Една четвртина од работниците што работат физичка работа и од службениците што имаат канцелариска работа се подготвени да бараат работа во странство, а таа бројка расте кај високообразованите работници. Пресудна беше третината од луѓето во R&D (дејностите за истражување и развој) коишто се спремни да бараат работа во странство- самите дејности коишто многу земји ги идентификуваа како клучни во опоравувањето. ”
Латинска Америка е најтешко погодена
Не се изненадувачки резултатите што покажуваат дека Централна и Јужна Америка се најпогодени од покриените пазари. Речиси 6 од 10 вработени во Мексико (57 %), половина од работната сила во Колумбија (52 %) и две петтини од вработените во Бразил и Перу (41%, односно 38%) се подготвени да ја минат границата во потрага по подобра кариера.
Но трендот не е се однесува само на пазарите во развој. Други пазари коишто се на врвот од 17 земји во кои беше спроведено истражување за подготвеноста за емиграција за подобра работа се: Турција на 3-то место со 46 %, Унгарија на 7-мо место(33 %), потоа следат Русија (29 %) и 9-тото место го делат Португалија и Велика Британија со 27 %.
Дури и САД и Канада – традиционално стереотипни земји поради нивната релативна незаинтересираност за живеење во странство –се соочуваат со една петтина од нивните работници коишто велат дека се спремни да се преселат во друга земја за да најдат подобра работа, со 21 %, односно 20 %.
Паралелно со потребата од заштита на одливот на интелектуалци преку границите, постои и предупредување за оние компании, каде што еден од четворица вработени имаат намера да ги напуштат своите работодавци во следните 12 месеци.
Од нив, еден од тројца веќе активно бара нова работа (35 %) и еден од петмина (18 %) сака да се пресели во наредните шест месеци. Само 8 % од вработените сакаат да почекаат додека не зајакне економијата.
Ситуацијата изгледа загрижувачки за Колумбија и САД, каде што околу половина (55 %, односно 47 %) од тамошните работници сакаат да ја променат работата. На другиот крај од скалата, Бразил и Белгија се соочуваат со далеку постабилно задржување на работнотото место, со само 15 % од работниците коишто активно бараат да ги променат работодавачите.
Денешниот глобализиран и променлив пазар на трудот
Објаснувајќи ги бројките, Боге Божиновски, продолжи: "Резултатите само истакнуваат колку станал глобализиран и променлив пазарот на трудот во многу земји.
Останува вистината дека за многу вработени преселбата во друга земја не им влева веќе страв за разлика од промената на самата компанија. Компаниите бараат да го привлечат, да го ангажираат и да го задржат најдобриот персонал во одмерувањето на силите не само на конкурентите на пазарот во нивната земја, туку и од целиот свет.
Ова истражување исто така покажува дека вработените во мултинационални организации се веројатно оние коишто бараат на друго место. Ова упатува на тоа дека овозможувајќи им на вработените да работат во странство не е само додатен приход туку драгоцено средство за нивно задржување.”
За истражувањето
Меѓународното истражување на ГфК за ангажираноста на вработените лица беше спроведено од страна на меѓународната компанија за истражување GfK Custom Research. Истражувањето ги вклучува мислењата на 30 556 возрасни вработени во 29 земји коишто беа интервјуирани во периодот помеѓу 8 ми февруари и 4ти април 2011 користејќи online, телефон или в-лице техники на интервјуирање соодветни за земјата.
Земените податоци ја претставуваат демографската структура (индустрија, пол и возраст) на секоја земја. Во изработката на глобалната статистика, којашто комбинира земји, податоците за секоја земја беа пондерирани според БДП (ППП).
Прашалникот беше изработен од страна на меѓународен тим на експерти за ангажираноста на вработените лица, со помош на експерти од секоја од 29 земји.
Земји опфатени со истражувањето: Аргентина, Австрија, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Чешка Република, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Македонија, Мексико, Холандија, Перу, Филипини, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шведска, Швајцарија , Турција, Велика Британија, Украина, САД.
ГфК експертите за ангажираност на вработените лица нудат широк спектар на информации и консултантски услуги кои им помагаат на организациите поефикасно да ги развијат своите способности на пр. ангажираност на вработените, талент менаџментот, човечки ресурси и ефикасност на тимовите, општа култура, управување со промените или условите за работа, вклучувајќи ја безбедноста и здравјето на работното место.
GfK Групација
GfK Групацијата нуди фундаментално знаење потребно на индустријата, трговијата на мало, услужните компании и медиумите во донесувањето одлуки на пазарот. Доставува широк спектар на информации и консултантски услуги во три стратешки бизнис сектори: Custom Research, Retail &Technology и Media. Четврта во светот организација за истражување на пазарот фукционира во повеќе од 100 земји со над 10 000 вработени. Во 2010, продажбата на ГфК Групацијата изнесуваше 1.29 милијарди евра.
За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна: www.gfk.com.mk
Следете нè на twitter: www.twitter.com/gfk_group