Здравство&Фармација

Истражувања на пазарот на здравствени и фармацевтски производи и услуги Светска мрежа:

Пазарите денес растат и се развиваат се поблиску еден до друг. Фармацевтските компании дејствуваат на интернационално ниво, но исто така се зголемува и нивното дејствување на глобално ниво.  GfK, со своите истражувања, го покрива пазарот на здравствени и фармацевтски производи и услуги во Америка, Европа и Азија. Со повеќе од 100 поврзани партнери Ви ја нудиме можноста за изведба на проекти кои се однесуваат на секој вид пазарни прашања во повеќе од 100 земји насекаде во светот, подеднакво ефикасни и со унифицирани стандарди на квалитет.

Експертиза:

GfK Skopje осмислува проекти, кои ќе ги поддржат нашите Клиенти во нивните стратешки и оперативни решенија. Услугите на GfK Skopje вклучуваат  анализа на прашањата поврзани со: развој на производите, комуницирање на марката и менаџирање на имиџот, како и стратешко позиционирање на марката на пазарот, задоволство на корисниците и информации за волуменот на продажбата во стоматолошката и ветеринарната индуструја, како и во амбулантите.

Ваши прашања:

Кој и да е делокругот на одлуките кои Вие секојдневно треба да ги донесувате, ние, помеѓу нашите истражувачки студии, имаме такви кои сe соодветни за откривање и детектирање на:

  • профил на потребите
  • позиционирање на производите
  • следење на лансирањето на новите производи и услуги
  • сила и здравје на марката - brand equity
  • контрола на промотерите на производите
  • тестирање на пакување
  • тестирање на цени
  • прифатеност и ефикасност на матркетинг миксот
  • структура на корисници
  • задоволство на пациенти / корисници
  • одлевање на пациенти / корисници
  • тестирање на рекламни материјали
  • квази-епидемиолошки студии


Обезбедување на комплетна услуга:

Ние Ве поддржуваме во секој одлучувачки чекор во процесот на истражување на пазарот: од нацртот и дизајнот на студијата која е прилагодена на Вашите барања, низ високо квалитетно спроведување на интервјуата, до длабинска анализа на резултатите што вклучува и препораки за нивната инплементација.

Употреба на сеопфатен спектар на истражувања насочени кон решение:

Сите проекти кои ги реализираме, се водат од фундаменталниот принцип за ефикасно користење на Вашите расположиви ресурси, и токму поради тоа нашите проекти Ви гарантираат добивање на најдобра можна вредност за парите.
Во овој контекст ние користиме цел репертоар на студиски методи за емпириски истражувања  во нашите квалитативни и квантитативни проекти (лице-во-лице, телефонски и on-line интервјуа, квалитативни индивидуални длабински експлорации, фокус групи).

Bookmark and Share

Контакт

Teodora LazeticMrs Теодора Лажетиќ
Senior Research Consultant
+389 2 3126 001
teodora.lazetic@gfk.com